НСДП е против предвремени парламентарни избори

Макфакс

20/10/2019

14:17

1.632

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на денешната лидерска средба кај Претседателот на Република Северна Македонија, на која НСДП како парламентарна политичка партија не е поканета да партиципира и не е консултирана за нејзиниот став во поглед на новонастаната политичка ситуација поврзана со недобивањето на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, на јавноста сакаме да го соопштиме нашиот став.

Некоректно и политички неодговорно е кон граѓаните да се гради претстава дека Република Северна Македонија беше

поразена во Брисел во ситуација кога одложувањето на одлуката за датум за отпочнување на преговорите беше одложена од страна на Европскиот совет само поради противењето на Франција. Овој став на Франција е резултат на внатрешно политички мотиви на претседателот Макрон, а не последица на неисполнување на условите и обврските кои беа поставени од страна на Брисел кон Северна Македонија.

Во овие моменти НСДП смета дека сите парламентарни партии треба да ги надминат своите тесни калкулации и својот фокус да го стават на што побрзо донесување на законско решени за СЈО, со што формалниот аргумент кој го изнесува Франција ќе биде обеспредметен. Ново настанатата надворешно политичка позиција на Северна Македонија, во контект на интеграциите кон ЕУ, наметнува и императив за формирање на некое политичко тело во кое ќе партиципираат сите парламентарни партии, независно дали се од власта и опозицијата, кое ќе биде фокусирано во наредните неколку месеци на лобирање и подигнување на нивото на билатералните политички односи помеѓу Северна Македонија и Франција. 

Од партијата сметаат дека не смее да се дозволат дополнителни политички тензии да се создаваат со одење на брзи предвремени парламентари избори, кои, како што велат, може да го нарушат институционалното функционирање на државата во наредните неколку месеци. НСДП е на ставот дека одржувањето на предвремени парламентарни избори пред следниот самит на ЕУ може да ја дефокусира политичката енергија во земјава и да го наруши институционалното спроведување на започнатите реформи во државата. Вистински момент, според НСДП, е најголемите политички партии да покажат созреаност и да ја заживеат политичката пракса во која Владата ќе го завршува целиот свој мандат пред повторно да ја бара доверба од граѓаните на избори. Доколку лидерите на најголемите политички партии денес одлучат за одржување на предвремени парламентарни избори, НСДП смета дека терминот за истите би требало да биде во јуни наредната година, по завршувањето на мајскиот самит на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг