Јапонците ги воодушеви прекрасното виолетово небо, а потоа - катастрофа!

Точка

19/10/2019

15:11

2.684

Големина на фонт

а а а

Тајфунот „Хагибис“ е од петта категорија и се смета за еден од најопасните кои ја погодиле Јапонија во последните 50 години.

Според последните информации, во налетот на тајфунот „Хагибис“ во Јапонија животот го загубија најмалку 70 лица, а уште 15 се водат како исчезнати. Повеќе од 200 илјади спасители и 100 хеликоптери учествуваат во потрагата по преживеаните, а големите поплави и лизгањето на земјиштето ја парализираа земјата.

Во моментите кога Јапонија се подготвуваше за ударот на страшниот тајфун, на социјалните мрежи се појавија бројни фотографии од небото над земјата кое има прекрасна виолетова боја. Но, оваа прекрасна глетка значи само едно - дека катастрофата е блиску.

Станува збор за феномен на виолетово небо, кој се појавува во пресрет на тајфуните, кога облаците ги пореметуваат ултравиолетовите зраци од сонцето кое што заоѓа. Ниските облаци под тајфунот предизвикуваат молекулите и малите честички во атмосферата да влијаат на насоката на светлината. Тие ја апсорбираат и распрскуваат светлината и резултатот е многу поинтензивни бои на небото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг