Манчестер Јунајтед се откажува од Манџукиќ поради две причини, Солскјер се врти кон други алтернативи

Дерби

19/10/2019

13:40

2.198

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува еден од најугледните светски спортски медиуми „ЕСПН“, Манчестер Јунајтед се откажал од намерата за ангажман на Марио Манџукиќ од редовите на Јувентус.

Хрватскиот интернационалец досега беше најсигурна варијанта за нападот на „ѓаволите“, меѓутоа по најновите најави, тој сепак нема да се пресели на „Олд Трафорд“.

Наводно водечките луѓе на Манчестер Јунајтед одлучиле да се откажат од Марио Манџукиќ затоа што Хрватот имал големи барања во смисла на платата, а исто така се противел на краткорочен договор од една, до една и пол година. Манџукиќ барал минимум три години што го натерало Солскјер да бара нови алтернативи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг