На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток во 17 часот ќе се одржи лидерска средба.
Како што се наведува во соопштението, на средбата ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.
На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и претседателот на Движење Беса, Билал Касами.