Данците и Холанѓаните попуштиле, но сега Германија и Италија се против раздвојување на Албанија

Точка

18/10/2019

11:11

4.208

Големина на фонт

а а а

На денешниот состанок на лидерите на земјите членки на Европската унија во Брисел било предложено раздвојување на Албанија, односно доделување на датум за преговори само за нашата земја.

Наводно претставниците на Холандија и Данска кои беа против доделување на датум за преговори на Македонија и Албанија попуштиле во врска со Македонија, а истовремено побарале раздвојување на нашите западни соседи.

Сепак, ваквото сценарио не им се допаднало на Германија и Италија, кои бараат двете земји од Западниот Балкан да не бидат раздвоени и заедно да добијат датум за преговори за влез во Европската унија.

Покрај тоа, ваквата компромисна варијанта била одбиена и од страна на Франција, а официјален Париз и натаму се чини дека не сака да попушти во врска со доделувањето на датумот за преговори.

И натаму е многу неизвесно каква ќе биде одлуката на земјите членки на Европската унија, кои практично сите се согласуваат Македонија да добие датум за преговори, освен Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг