Борис Џонсон со Јункер за договорот: Британија излегува од ЕУ цела и единствена и секој нејзин дел ќе учествува во слободната трговија

Точка

17/10/2019

18:55

1.195

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, на заедничка конференција во Брисел порачале дека дошол моментот за излегување на Велика Британија од ЕУ, но и за изградба на нови односи меѓу Лондон и Брисел.

"Сега е момент да се оствари Брегзит и заедно да работиме на изградба на нашето идно партнерство кое може да биде многу позитивно и за Обединетото Кралство и за ЕУ", рекол Џонсон. 

Тој во Брисел го поздравил договорот кој, според неговите зборови, овозможува да се исполнат цели предвидени со Брегзит.

"Тоа значи дека Велика Британија на 31-ви октомври излегува од ЕУ цела и единствена и дека Северна Ирска и секој друг дел од Обединетото Кралство ќе учествува во слободната трговија и заедно ќе одлучуваме за нашата иднина", рекол Џонсон. 

Тој ги повикал членовите на парламентот на Велика Британија без одложување да го прифатат овој ревидиран договор за Брегзит за да се фокусираат на потребите на британскиот народ.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер навел дека постигнатиот договор покрај британскиот парламент сега мора да го одобри и Европскиот парламент.

"Договорот е постигнат поради народот и мирот, а не поради политичарите. Ќе почнеме разговори за нашите идни односи веднаш кога ќе се одобри договорот", најавил Јункер.

Тој заклучил дека е среќен поради постигнатиот договор, но и тажен поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг