„Ѓаволите“ имаат кошмарна сезона, но се први во еден најзначаен параметар во модерниот фудбал

Дерби

17/10/2019

11:41

1.508

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед има кошмарен почеток на новата сезона, а ланскио финиш исто така не беше за поздравување.

„Ѓаволите“ се во неверојатна резултатска криза од која ќе им биде многу тешко да излезат. Речиси никој не се надева дека натпреварот со Ливерпул во недела ќе биде излез од таа криза, па веќе се шпекулира дека Солскјер наскоро би можел да добие отказ од клубот.

Сепак, од раководството на клубот веројатно и не се толку загрижени, затоа што и покрај очајните резултати, на пазарот тие поминуваат одлично.

Имено, Манчестер Јунајтед е високо на врвот на листата на клубови кои продале најмногу дресови во една натпреварувачка сезона. Лани „ѓаволите“ официјално успеале да продадат дури 4.950.000 дресови, што е за цел еден милион повеќе од второпласираниот тим на Ливерпул кој успеал да продаде 3.943.000 дресови.

На третата позиција е Баерн Минхен со 3.475.000 продадени копии па следат Реал Мадрид (2.920.00) и Барселона (2.755.000) продадени дресови.

Првата десетка ја комплетираат Челси (1.911.000), Борусија Дортмунд (1.522.00), ПСЖ (1.476.000) и Јувентус (1.315.000) продадени дресови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг