Меркел призна: Треба да добиете датум за преговори, но шансите не се добри

Точка

17/10/2019

12:06

3.099

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори со Европската унија, но конечно и призна дека шансите за тоа не се добри.

Пред почетокот на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел, канцеларката се обрати во германскиот парламент и проговори за проширувањето на Европската унија со Македонија и Албанија.

Според германската канцеларка, на Европската унија ѝ се исплати на Македонија и Албанија да им се даде европска перспектива и од Бундестагот порача дека двете земји заслужуваат да го добијат датумот за преговори.

„Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие две земји. Ние имаме одговорност кон нив и мислам дека се исплаќа да им се даде европска перспектива на Македонија и Албанија. Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ партнерите, кои сѐ уште имаат задршки за почетокот на пристапни преговори со Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на самитот на Европската унија не се добри“, порача германската канцеларка Ангела Меркел.


Оваа изјава на Меркел следува по вчерашната средба со францускиот претседател Емануел Макрон кој најверојатно нема да попушти и да се согласи за доделување на датум за преговори.

Меркел изјави ја поддржува желбата на Французите за реформа на процесот на проширување на Европската унија, но исто така нагласува дека мора да се исполнат ветувањата на Брисел кон Скопје и Тирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг