Брегзитот главна тема пред самитот на ЕУ, Меркел верува во можен договор

Нетпрес

17/10/2019

11:40

201

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во четвртокот дека договорот за излегувањето на Обединетото Кралство од членството во Европската унија сѐ уште е можен, во пресрет на дводневниот самит на челниците на членките на Унијата.

Британскиот премиер Борис Џонсон, во ова својство прв и последен пат ќе присуствува на самит на ЕУ, доколку успее да постигне догово со другите 27 членки на Унијата за раздружувањето со Велика Британија на 31-ви октомври и ако ја добие поддршката од британскиот парламент на вонредното заседание во саботата.

„Имаше придвижување последните денови, значителни напредувања. На подобар пат сме отколку што бевме претходно. Но морам да кажам многу јасно, уште не постигнавме договор“, изјави канцеларката Ангела Меркел во германскиот Бундестаг.

Истовремено Џонсон се бори да ја обезбеди поддршката на пратениците во парламентот кој се многу изненадени од отстапките кои ги направил во поглед на гранциата меѓу Ирска и Северна Ирска. Сверноирската Демократска унионистичка партија (DUP), која е клучна за поддршката на Конзервативната партија во парламентот, објави дека нема да ги поддржи предлозите. Покрај ирската граница, за нив е спорно и прашањето на ДДВ-то, кое го проблематизира и британската влада.

Премиерот Џонсон вети дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ на 31-ви декември, иако според законот изгласан неодамна во парламентот доколку не постигне договор со Брисел треба да бара одложување на датумот за раздружување. Во сабота пратениците ќе се изјаснат дали за нив е прифатлив најновниот договор. Парламентот претходно годинава трипати го отфрли договорот постигнат со ЕУ од претходната премиерка Тереза Меј, што беше и главната причина за нејзниот политички пад.

Белгискиот премиер Шарл Мишел, кој е идниот претседател на Европскиот совет, изразува оптимизам но истовремено е и претпазлив,

„Поради најновите информации кои ги имам, мислам дека утре ќе биде постигнат договор. Знаеме дека последните центиметри и милиметри секогаш се најтешки“, рече Мишел за белгиската телевизија LN24.

Челниците на ЕУ на самитот уште ќе дискутираат и за кризата во Сирија по турската воена интервенција во оваа земја против тамошните Курди, европската интеграција, новата повеќегодишна буџетска рамка и климатскиет цели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг