Орбан го нападна Ердоган: Имаме подготвено жесток одговор ако ги пуштиш бегалците!

Точка

17/10/2019

11:44

1.252

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот премиер кој се соочува со сериозен политички удар во својата земја, одлучи да ја врати довербата на гласачите со тоа што ќе им покаже мускули на бегалците.

Унгарија ќе мора да примени сила на својата јужна граница со Србија за да ги заштити границите на Европската унија доколку Турција ја оствари заканата дека ќе ги отвори вратите за бегалците, порача Виктор Орбан.

Орбан изјави дека моментално околу 90 илјади луѓе се обидуваат да пристигнат во земјите на Европската унија преку „Балканската рута“, додавајќи дека нивниот број набрзо ќе порасне на 100 илјади.


„Доколку Турција пушти дополнителни стотина илјади мигранти, ќе мораме да употребиме сила за да ги заштитме унгарските граници“, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан меѓу другото предупреди дека моменталната ситуација во Сирија, каде што турската армија врши воени операции би можела да има последици и по Унгарија, чии што граници воедно се и граници на Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг