Трамп му испратил порака на Ердоган: Немој да бидеш опасен, ќе те паметат како ѓавол

Точка

17/10/2019

08:48

3.606

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател на 9-ти октомври, на денот кога започна турската агресија на Сирија му напишал писмо на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

На почетокот на краткото писмо кое на Твитер го објави новинарката на „Фокс“, Триш Реган, Доналд Трамп му предлага на Ердоган да постигнат „добар договор“.

„Не сакате да бидете одговорни за масакрот на илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија. А, ќе го сторам тоа“, напишал Трамп кој веќе воведе благи санкции до Турција и се заканува дека ќе ги прошири така што тие ќе станат разорни за турската економија.

Трамп во писмото меѓу другото истакнал дека напорно работел за да реши некои од проблемите на Турција и му порачува на Ердоган да не го разочарува светот. Според Трамп, Ердоган би можел да добие одличен договор и курдскиот генерал Мазлум Кобани бил подготвен да преговара со него.

„Тој е подготвен да направи отстапки какви што Курдите никогаш не направиле во историјата“, додава Трамп кој открива дека на Ердоган му го испраќа писмото кое што го добил од курдскиот генерал.

„Историјата ќе ве гледа со одобрување ако ова го изведете на хуман начин, но ќе ве запамети како ѓавол ако не се случат добри работи. Не бидете „опасен дечко“, не бидете луди“, му напишал Трамп на Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг