Неочекувани промени во Вардар: Кокшаров е нов тренер, Писонеро има нова фукција

Дерби

17/10/2019

08:29

1.039

Големина на фонт

а а а

Вардар доживеа убедлив пораз од Кил во Лигата на шампионите (31-20), но никој не очекуваше дека ќе има потреси во таборот на „црвено-црните“, а за такво нешто говорат последните информации.

Имено досегашниот спортски директор Едуард Кокшаров ќе ја има улогата на прв тренер на екипата, додека досегашниот предводник Давид Писонеро ќе биде негов асистент. Наводно шпанскиот стратег ја прифатил оваа одлука на клубот од кого се уште се очекува официјално да ги потврди овие вести кои дефинитивно се големо изненадување со оглед на тоа што вардарци сезонава се одлични во ЛШ (3 победи и 1 пораз), учинок кој го имаат и во СЕХА лигата каде се на второто место во групата А со тоа што лидерот Мотор Запорожје има одиграно еден натпревар повеќе.

Следниот меч за европскиот шампион е на гостински терен против Веспрем, па ќе видиме како овие случувања ќе влијаат на атмосферата, играчите, играта и резултатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг