Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

Макфакс

16/10/2019

21:25

4.640

Големина на фонт

а а а

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа заедничка прес-конфернеција на која главна тема беше брегзит.

На прес-конференцијата германската канцеларка рече дека врз основа на она што го слуша последниве денови, можно е да се очекува постигнување договор.

Францускиот претседател, во мал дел од своето обраќање, се задржа и на ставот на Франција кон проширувањето на Европската Унија, особено коментирајќи ја положбата на Албанија и Северна Македониjа.

Тој рече дека, според негово мислење, прерано е да се започнат преговори со двете земји, иако се согласува дека тие постигнале значаен напредок во домашните реформи, пренесе „Радио слободна Европа“.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал кон лидерите на двете земји, но сериозното набљудување на нештата ме наведува да им кажам дека овој пат ни треба малку повеќе време за да ја завршиме работата“, додал Макрон.

По однос на ова прашање Меркел рекла дека постојат некои разлики, а како што е познато, потребна е едногласна одлука за започнување преговори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг