Необично откритие на египетските археолози - пронајдени над 20 запечатени саркофази

Точка

16/10/2019

17:00

1.973

Големина на фонт

а а а

Во египетскиот град Луксор, археолозите пронашле повеќе од 20 запечатени мртовечки сандаци, соопштило Министерството за антиквитети.

Наизглед, добро сочуваните саркофази откриени се онака “како што ги оставиле старите Еѓипќани“. Гравурите се недопрени.

Пронајдени се во Ал-Асасиф, на западното крајбрежје од Нил, а лешовите биле раштркани на две нивоа од големата гробница.

Локалитетот некогаш претставувал дел од древниот град Теба чии рушевини се наоѓаат на денешен Луксор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг