Тврдат дека ова е најшокантната песна на сите времиња: „Кога ја слушам сакам некој да удрам“

Точка

16/10/2019

13:37

2.533

Големина на фонт

а а а

„Дури и денес кога размислувам за неа, ми се креваат влакната од косата и сакам да удрам некој. А, мислам дека знам и кој...“.

Били Холидеј ја снимила својата култна верзија од песната „Strange Fruit“, на 20-ти април 1939-та година. Осумдесет години подоцна, Аида Амоако, како песната за линчување станала севременски повик на акција.

„Strange Fruit“ станала најголемиот хит на Били и една од највлијателните песни во текот на протестите во 20-от век која и денес продолжува да ни зборува за расното насилство.

„Time“ ја прогласиле за песна векот. Оригинално песната се викала „Bitter Fruit“ и ја напишал еврејскиот учител Абел Миропол под псевдонимот Луис Ален, а како одговор на линчувањето во јужните држави во Северна Америка.

„Ја напишав „Strange Fruit“ затоа што мразам линчување и неправда и ги мразам луѓето кои го поттикнуваат тоа“ - изјавил Миропол во 1971-та година.

Тој никогаш не присуствувал на линчување, но добил инспирација за песната откако ја видел фотографијата од 1930-та година, од авторт Лоренсо Битлер која го прикажува линчувањето на Томас Шип и Абрам Смит во Индија.

„Кога првпат ја отпеав мислев дека тоа е грешка. Воопшто немаше аплауз. А потоа една личност почна нервозно да аплаудира со рацете, а потоа и сите во клубот“ - напишала Били во својата автобиографија.

Меѓутоа, кога песната станала дел од нејзиниот репертоар, Холидеј сведочела на голем спектар од реакции - солзи, заминувања, расистички испитувања. Радио станиците низ САД и светот ја ставиле на црна листа, а нејзината музичка куќа Columbia Records одбила да ја сними. Кога Били ја изведувала песната на своите турнеи поедини сопственици на локали ја молеле да не ја изведува поради стравот да не изнервира некој од присутните.


Душата на слушателите не ја допирала само политичката природа на самата песна, туку и начинот на кој Били ја изведувала, кој поединци го нарекле како магичен.

„И по десеттото слушање вие црврсто ќе се држите за столицата. Дури и денес кога размислувам за неа ми се подигнуваат влакната од косата и сакам некој да удрам. А, мислам дека знам и кој“ - напишал Семјуел Графтон, колумнист од „New York Post“.

По објавата на оваа песна голем број музичари правеле обработка на оваа песна, како што биле Нина Симоне во 1965-та и Кание Вест во 2013-та година.

Во 2002-та година „Strange Fruit“ е прогласена за бесмртна песна со големо значење за музичкото наследство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг