Најубавото грчко село кое е идеално да го посетите наесен - ноќевање за двајца чини помалку од 30 евра

Точка

16/10/2019

11:43

3.220

Големина на фонт

а а а

Планинскиот ланец Атаманика и популарните села за кои Грците слушнале, но ниту самите не ги посетиле. Најмногу поради тоа што пристапот до нив е малку отежнат, особено во текот на зимата.

Недалеку од Јанија, во Епир се наоѓа планината Чумерка, позната по некои од најубавите села во Грција.

Снегот не ги затвора патиштата, но тие се тесни, криви, стрмни и никако не се добри за некој кој има страв од висина.


Но, освен зимата имаме уште три годишни времиња кога селото е попристапно и штета е да не се посети оваа убавина.

Многу зеленило, цвеќиња, птици па дури и диви свињи, боровници и капини, ќе ве маѓепсаат во текот на прошетките.

Висејќи на вертикалната падина, селото Сирако е едно од најубавите села во Грција.


Богато е со историја уште од времето кога познатите трговци продавале работи на војската на Наполеон. Токму тоа го збогатило селото со прекрасни вили, фонтани, мостови и старо камено училиште кое доминира во центарот.


Автомобилот може да го оставите на влезот од селото затоа што нема да ви биде потребен, а обиколката на селото ќе биде по калдрма. Доколку сте авантуристи тогаш не треба да пропуштите посета на соседното село Каларутес.

Цените за сместување таму се и повеќе од пристапни, па за едно ноќевање за двајца нема да имате потреба да издвоите повеќе од 30 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг