Љубопитен Русин влезе во напуштена база: Ајде да видиме како живееле Американците

Точка

16/10/2019

22:03

15.668

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави видео направено во напуштена американска база во Сирија, истиот ден откако од руската армија соопштија дека нивните сили навлегуваат во тој регион.

На снимката може да се слушне како еден човек кој зборува руски вели „Ајде да видиме како живееле Американците“.

Инаку, видеото кое што е објавено на социјалните мрежи е направено во близина на сирискиот град Манбиџ во покраината Алепо на околу 25 километри од турско-сириската граница.

Полковникот од американската армија, Мајлс Кагинс, инаку главен портпарол на американската воена кампања во Сирија, потврди дека Манбиџ е евакуиран во рамките на намерното повлекување на САД од североистокот на Сирија, откако Трамп го нареди повлекувањето.

По напуштањето на американската армија на регионот, веднаш следуваше офанзива на турската армија против курдското локално население која и натаму трае.

Од руското Министерство за одбрана соопштија дека руските сили навлегле во „чувствителните подрачја“ во Сирија и дека патролираат долж турско-сириската граница, обидувајќи се да спречат понатамошни судири помеѓу Турците и Курдите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг