Русите пристигнаа на фронтот: Кога го гледаат нашето знаме, Турците и Курдите веднаш прекинуваат со борбите!

Точка

16/10/2019

09:17

19.629

Големина на фонт

а а а

Руската воена полиција за прв пат патролираше во сирискиот град Манбиџ во источната провинција Алепо, потврди официрот во руската воена полиција, Сафар Сафаров.

„На улиците на тој град за прв пат помина руската воена полиција. Кога го гледаат руското знаме, сите борби автоматски престануваат. Ниту Турците, ниту Курдите не сакаат да не нападнат, па така благодарение на нас, борбите престануваат“, изјави Сафаров.

##https://twitter.com/BabakTaghvaee/status/1184115143699030016##

Според него, пред една седмица било невозможно да се патролира во Манбиџ затоа што во тој град биле распоредени американските сили.

„Само минатата седмица меѓусебно три пати си го блокиравме патот“, изјави рускиот официр и откри дека патролата на руската воена полиција траела три часа и ќе продолжи со цел да се осигура безбедноста на граѓаните.

##https://twitter.com/BabakTaghvaee/status/1184151047520116738##

Да потсетиме, градот Манбиџ во кој што живее мнозинско курдско население беше ослободен од џихадистите на Исламската армија токму од курдските борци во август 2016-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг