Реал Мадрид со официјално соопштение за повредата на Модриќ

Дерби

16/10/2019

09:08

1.054

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ заработи незгоден удар на дуелот меѓу Велс и Хрватска од квалификациите за ЕП 2020, а тоа ги исплаши и фановите на Реал Мадрид кои се во неизвесност околу карактерот на повредата.

Хрватскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во Кардиф, а вечерва шпанскиот клуб излезе со официјално соопштение по медицинските прегледи кои ги направил Модриќ.

– По направените тестови, на Лука Модриќ му е дијагностициран голем оток на квадрицепсот. Во тек е процесот на рехабилитација, – вели соопштението на Реал, чии лекари веројатно се уште не знаат колку долго ќе паузира Хрватот.

Она што најмногу ги интересира фановите е дали Модриќ ќе биде подготвен за Ел Класико кое е закажано за 26 октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг