Столтенберг: Загрижен сум за последиците од турската операција во Сирија

Макфакс

15/10/2019

20:03

1.356

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост за последиците од офанзивата на Турција во северна Сирија врз борбата против Исламска држава и стабилноста во регионот.

„Загрижен сум за последиците што се однесува до напредокот што го постигнавме во борбата против нашиот заеднички непријател – Исламската држава“, рече Столтенберг, истакнувајќи ја важноста за зачувување на ваквиот напредок.

Столтенберг изјавата ја даде во Лондон по средбата со британскиот премиер Борис Џонсон, со кого разговараше за постапките на Турција, која е членка на НАТО.

Велика Британија и други европски земји ја прекинаа продажбата на оружје во Анкара, откако започна воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија.

Столтенберг го коментираше ова како одраз на фактот дека многу сојузници на НАТО се многу критични и ја осудуваат воената операција во северна Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг