Американските Индијанци не сакаат да го слават геноцидот: Црвена боја врз статуата на Колумбо

Точка

15/10/2019

15:12

1.717

Големина на фонт

а а а

Во неколку американски градови статуите на Кристофер Колумбо се обоени со црвена боја за време на националниот празник „Денот на Колумбо“.

Статуата на човекот кој ја откри Америка во градот Провиденс на Роуд Ајленд беше обоена со црвена боја и беше испишано „Престанете да го славите геноцидот“. Истото било забележано и уште неколку градови ширум Соединетите Американски Држави.

Ноќта помеѓу саботата и неделата статуата на Колумбо во Сан Франциско исто така била на мета на вандали - некој ја обоил со црвена боја и нацртал симболи на анархијата.


Покрај тоа, на споменикот било испишано „Да ги уништиме сите споменици на геноцидот“ и „Да ги убиеме колонизаторите“.

Инаку, автохтоните жители на САД, Индијанците бараат Денот на Колумбо да се слави како Ден на домородците поради загриженоста дека токму Колумбо го започнал геноцидот врз домородното население во Америка кое траело со векови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг