Првиот човек на "OSCE" им покажа среден прст на Албанците

Точка

15/10/2019

14:45

3.414

Големина на фонт

а а а

Шефот на мисијата "OSCE", Бернд Боркарт се извини откако во неделата им покажа среден прст на антивладините демонстрации во Тирана.

До инцидентот дојде откако Боркарт пешки минувал низ квартот Астир каде што жителите веќе со месеци протестираат против принудното рушење на нивните куќи за да биде изведен проект за јавна инфраструктура за кој тврдат дека е поврзан со корупција.

На видео снимката објавена на социјалните мрежи може да се види првиот човек на "OSCE" како на демонстрантите им покажува среден прст, додека тие на англиски јазик му порачуваат „срам да ти е“.

##https://twitter.com/BManaj/status/1183800436781916160##

Владеачката Социјалистичка партија на Албанија не го критикуваше Боркарт, додека пак опозицијата веднаш побара да биде сменет.

„Искрено сакам да им се извинам на тие кои ги навредив вчера. Го почитувам правото на Албанците на мирни демонстрации“, порача Боркарт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг