Трамп бара од Турција да ја прекине воената операција во Сирија: Подготвен сум да ја уништам вашата економија!

Точка

15/10/2019

11:07

1.876

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател наметна низа на санкции и двојно ги зголеми царините за Турција после агресијата на турската армија на северот на Сирија.

Објавата за воведувањето на санкциите следува после критиките на американската политичка елита на одлуката на Трамп за повлекувањето на американските војници од Сирија со што им ја отвори вратата на Турците за офанзива во Сирија.

„Целосно сум подготвен за брзо време да ја уништам турската економија доколку турските лидери продолжат по овој опасен и деструктивен пат“, изјави Доналд Трамп.

„Бев совршено јасен со претседателот Ердоган. Турската акција е вовед во хуманитарна криза и подготовка на услови за можни воени злосторства“, порача американскиот претседател и ја повика Турција да ги заштити верските и етничките малцинства на северот на Сирија.


Американските санкции ќе се применуваат на турското министерство за одбрана и енергетика. Трамп исто така порача дека ќе ги стопира трговските преговори вредни 100 милијарди долари со Анкара и ќе двојно ќе ги зголеми царините на турскиот челик кои моментално изнесуваат 25%.

За време на обраќањето за медиумите, американскиот потпретседател Мајк Пенс порача дека санкциите „ќе продолжат и ќе се зголемуваат доколку Турција не го прекине огнот, го сопре насилството и не се согласи да преговара за долгорочно решение за проблемот долж границата помеѓу Турција и Сирија“.

После објавувањето дека Турција ќе се соочи со санкции, Чак Шумер, прв човек на Демократите во американскиот Сенат порача дека овие санкции не се доволни и ги повика Републиканците да ја поддржат резолуцијата со која се бара поништување на одлуката на Трамп да ги повлече американските војници од Сирија.

Америкаскиот министер за одбрана, Марк Еспер изјави дека турската офанзива довела до ослободување на опасните затворени припадници на Исламската држава и дека Турците се одговорни за големиот број на жртви, беглаци, уништување, небезбедност и се поголемата закана кон американските војници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг