Ердоган: Апсолутно ќе ја завршиме работата што ја почнавме

Точка

14/10/2019

19:12

1.140

Големина на фонт

а а а

Одлучни сме да ја продолжиме операцијата до крај, и покрај заканите. Ова го изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Баку, по најавите од Европската Унија за забрана за извоз на оружје во Турција.

„Апсолутно ќе ја завршиме работата што ја почнавме“, истакна Ердоган и додаде дека борбата ќе продолжи до конечната победа.

Турскиот претседател во својот говор ги осуди ЕУ и Арапската лига поради нивните критики за турската акција и побара меѓународни средства за плановите на Анкара за создавање „безбедносни зони“ во североисточниот дел на Сирија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг