Нови снимки од нападнатиот ирански танкер: Ударот прецизно изведен, еве што се појавило по нападот

Точка

14/10/2019

14:47

3.488

Големина на фонт

а а а

Се појавиле нови снимки од иранскиот танкер за кој Техеран рекол дека се нашол под ракетен напад од брегот на Саудиска Арабија во Црвеното море.

На снимката на саудискиот сателитски канал Ал Арабија се гледа дека зад танкерот "Сабити" се појавила нафтена дамка, пренесува "AP". 

Во меѓувреме, фотографиите кои денес ги објавило иранското Министерство за нафта јасно ја покажале штетата која му била нанесена на танкерот за прв пат.

Трупот му е изгледа пробиен непосредно над водените линии на две места, се гледа на фотографите направени во неделата.

Иранските власти наведуваат дека бродот се враќа во Персискиот залив. Тие не го коментирале излевањето на нафтата која се гледа на снимката на "Al Arabia".

Саудиска Арабија негира дека бил вмешана во нападот на танкерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг