Курдите добија неочекувана поддршка: Сириската армија ќе ги брани од турската агресија!

Точка

14/10/2019

10:03

8.791

Големина на фонт

а а а

Силите на сириската армија навлегоа во градот Тал Тамр, град на северот на Сирија во близина на границата со Турција - од таму ќе ѝ се спротистават на турската армија.

Очајните жители на Тал Тамр на кои им се закануваше етничко чистење од страна на турската армија воодушевено го поздравија пристигнувањето на сириската армија.

Сириската армија започна да се распоредува во градот на околу 20-тина километри од турско-сириската армија откако се повлече американската армија и ги остави Курдите на милост и немилост на турската офанзива. Во оваа голема промена на сојузниците, курдските сили сега „рамо до рамо“ ќе се борат со сириската армија.

##https://twitter.com/0000rizgar/status/1183635613465141250##

Најверојатно сириската влада ќе продолжи да испраќа свои сили на северот на земјата кои што ќе треба да го заштитат локалното население од турската армија, но и од џихадистите на Исламската држава кои што се активираа благодарение на турската агресија.

„За нападите да бидат спречени, постигнат е договор со владата на Сирија чија што должност е да ги штити своите граници и суверенитетот на земјата. Сириската армија ќе навлезе на северот и ќе ги распореди своите сили долж границата со Турција“, стои во соопштението на Курдите.

Сириските Курди не го кријат разочарувањето од одлуката на Трамп да ја повлече американската армија од северот на Сирија и со тоа да ги остави на цедило против турската армија која доби отворена врата за офанзива.

„Сакаме да најдеме решение, но гледате што се случува, тие не нѐ поддржуваат. Не треба да му веруваме на никого и треба да се потпреме на самите себе. Секој Курд треба да носи оружје и да биде подготвен“, изјави Шеих Хасан, надлежен за курдската одбрана на градот Кобане.

Не пропуштајте: Турција ги ослободи џихадистите! Над 800 припадници на Исламската држава побегнале од затвор во Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ја предупредија Турција дека создава неподнослива хуманитарна ситуација. Франција и Германија, како и уште неколку влијателни западни земји ја осудија турската агресија и воведоа забрана за продавање на оружје на Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг