Турција ги ослободи џихадистите! Над 800 припадници на Исламската држава побегнале од затвор во Сирија

Точка

13/10/2019

16:31

5.118

Големина на фонт

а а а

Од курдската администрација на северот на Сирија соопштија дека повеќе од 700 припадници на Исламската држава побегнале од кампот Аин Иса после нападите на турската армија.

Како што е соопштено, охрабрените џихадисти денес извршиле напад на големата капија од кампот и успеале да побегнат додека нивните чувари, курдските борци водат битка со турската армија кој кон средината на минатата седмица ја започна агресијата на северна Сирија.

Се проценува дека во кампот имало над 12 илјади лица, вклучувајќи и околу 1000 жени, инаку сопруги на припадниците на Исламската држава.

Истовремено, сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека околу 100 жени поврзани со Исламската држава и нивните деца побегнале од камповите кои што ги чувале сириските Курди.


Директорот на организацијата, Рами Абдулрахам соопштил дека во кампот владеела анархија, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг