Ова австралијанско момче стана најмладата личност која се запишала на Оксфорд: Имал само шест години кога неговиот татко случајно сфатил дека е посебен

Точка

12/10/2019

12:30

4.285

Големина на фонт

а а а

13-годишниот Џошуа Бекфорд боледува од аутизам, но тоа не го спречило на шест години да стане најмладата личност која учела на Оксфорд.

Сон му е да стане неврохирург, а неодамна се нашол на листата од 30 најзначајни аутистични луѓе на светот.

Неговиот татко Кнокс Даниел сфатил дека синот има натпросечна способност за учење додека го држел во рацете, а тој работел на компјутер.


„Сфатил дека го интересира тастатурата. Му кажал која е која буква и забележал дека памети и дека разбира за што му зборува. Кога му рекол да покаже одредена буква, тој тоа го направил“ - раскажал Даниел.


На три години можел да зборува и да пишува јапонски.

Таткото одлучил да му постави предизвик во 2011-та година, па се јавил на универзитетот Оксфорд со молба да го примат на програмата за учење на филозофија за талентирани деца на возраст од 8 до 12 години. Го примиле иако бил помлад од тоа па така на шест години станал најмладата личност која некогаш се запишала на Оксфорд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг