Бесна мајка од Скопје: „Детето ми го пипнавте и ќе платите за тоа! Сега како да му објаснам дека ние сме семејство?“

Точка

10/10/2019

22:11

22.916

Големина на фонт

а а а

Самохраната мајка, Ирена Цветковиќ, која во јавноста е позната како еден од лидерите на Шарената револуција - му се закани на министерот за образование, како прв човек на институцијата која ја отстранува можноста разведено семејство со дете да може да се нарекува “семејство“.

Имено, таа напиша статус на нејзиниот Фејсбук профил, кој предизвика многу бурни реакции од корисниците.

„Откако реагирав пред некој ден за програмата по Општество за 4 одделение, добивме продолжение. Мојата 9 годишна ќерка повторно дојде вознемирена дома со прашање - нели ти и тато ми рековте дека иако не живеете заедно ние сепак сме семејство?“, започнува мајката.

Таа потенцира дека е бесна, лута и навредена. „Детето ми го пипнавте и за тоа ќе платите“, вели таа и додава дека семејство не е маж, жена и деца кои живеат заедно.

„Погледнете дефиниции ако не сте во можност да разберете што значи да се биде семејство, да се искуси семеен живот и конечно да се разбере какви различни форми на семејство луѓето креираат и искусуваат. Министерство за образование и наука, вие сте брука и срам, но пред сè најсилниот апарат за уништување на луѓето во оваа одамна утепана земја“, стои во нејзиниот статус.

Мислењето на нејзините пријатели, Фејсбук пријатели, следачи, непријатели - е поделено.

„Семејство е заедница од родители, маж и жена и деца. Разликуваме потесно и пошироко СЕМЕЈСТВО..ама и тоа е СЕМЕЈСТВО“, „И јас поминував низ ова, иако мојот татко е починат. Нема нешто поглупо главата манџа ми ја праеа“, „Мизерија!“, „Тоа што ме лути е што учебникот е повлечен заради овие лекции, а они уште си ги предаваат. Сепак, наставниците работат според програма на МОН“, се дел од коментарите кои ја поддржуваат Ирена, додека има и такви кои не го разбираат револтот.

„Ги прочитав коментарите, и ќе кажам во заблуда сте. Прво конотацијата се однесува за тоа што е потесно, а што пошироко семејство, и напишаното е точно, според општо прифатените морални вредности на нашето општество“, „Простете но јас не прочитав нешто што би можело некого да навреди. Потесно и пошироко - што е тука нејасно?“, „Па што е семејство ? Не сфатив што е револтот? Или сакате да пишува семејство е родител 1 и родител 2 и деца!“, се само дел од коментарите кои се спротивни на револтот кој е истакнат во статусот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг