Катица Јанева на преглед во "Жан Митрев" - се жалела од висок притисок и анксиозност

Точка

10/10/2019

11:28

759

Големина на фонт

а а а

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денес ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватната клиника "Жан Митрев".

Адвокатката на екс-обвинителката, Ирена Фрчковска, потврдила дека Јанева денес ќе има преглед во приватната клиника, а додала и дека таа е во многу лоша здравствена состојба. 

"Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша. Ќе видиме подоцна што ќе кажат докторите околу дијагнозата", рекла Фрчковска.

Меѓу другото, од нејзината одбрана велат дека се апсолутно неточни информациите дека Јанева барала спогодба за "Рекет".

Обвинителката Вилма Русковска за денес најави дека ќе поднесе обвинението за случајот рекет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг