Михајловиќ со видео порака им се обратил на навивачите на Болоња: Се надевам дека ме разбирате...

Точка

10/10/2019

09:52

1.404

Големина на фонт

а а а

Србинот не бил на стадионот за време на натпреварот на легендите на клубот.

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, преку видео порака им се обратил на своите фанови, по ревијалниот натпревар на легендите на овој клуб против Реал од Мадрид. 

Натпреварот бил одигран во рамките на прославата за 110 години постоење на Болоња, а Михајловиќ на некој начин упатил извинување за тоа што не бил присутен на стадионот.

"Жал ми е што не бев на натпреварот на легендите на Болоња и Реал, но неодамна излегов од болница и навистина сакав да бидам дома со семејството. Се надевам ме разбирате", рекол Михајловиќ и додал:

"Ви благодарам за поддршката која ми ја давате и што останавте крај мене овој период. Се борам со леукемија, но сега добро се чувствувам и ќе победам во сето ова".

Михајловиќ, инаку, во неделата излегол од болница и отишол директно на натпреварот меѓу Болоња и Лацио, а потсетуваме и дека Миха најавил дека со сопругата ќе оди неколку дена во Рим за да одмори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг