Прва фотографија од манијакот од Германија, кој убил две лица: Антисемитистот на кого феминистките му се виновни за падот на наталитетот во живо го пренесувал нападот

Точка

10/10/2019

09:40

960

Големина на фонт

а а а

На Твитер се појавила и фотографија од убиецот, кој вчера убил две лица во Германија, и уште се наоѓа во бегство.

Тој својот напад во живо го пренесувал на платформата "tWitch", пренесуваат медиумите. Поборник е на анти-семитистички ставови, како и слогани налик на нацистичките. 

Рекол дека феминизмот е одговорен за опаѓањето на наталитетот во западните земји, кои тоа го користат како изговор за масовна имиграција.

Напаѓачот исто така ги обвинил Евреите дека се корен на сите проблеми, пишува Russia Today.

И германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер изјавил дека пукањето во источна Германија имало анти-семитистичка позадина, додавајќи дека федералниот обвинител е уверен дека е можно нападот да го извршиле десничарски екстремисти, како и дека се опфатени од истрагата.

Две лица биле убиени вчера во пукање пред синагога во градот Хале на еврејскиот празник Јом Кипур, пренесува "Reuters".

Сите раздвижени делови на градот биле затворени, како и една железничка станица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг