Србинка наполнила 46, па решила да се тетовира: Мажот се згрозил и ѝ се заканил, а таа за него има јасна порака

Точка

09/10/2019

21:25

5.695

Големина на фонт

а а а

Велат дека во животот никогаш не е доцна да бидете она што сакате да бидете или да го направите она што сакате.

Можеби некои нема да се согласат со вашите одлуки и желби, но како што велат - мој живот, моја работа.

Твитер корисничка која се потпишува како „Zoya“, објавила симпатичен статус кој наишол на различни реакции, како од нејзините пријателки, така и од нејзиното семејство.

Имено, кога таа наполнила 46 години одлучила да се тетовира.

„Наполнив 46 и решив да се тетовирам. Ќерките се воодушевени, мајка ми се крсти, сестра ми и зет ми ме зезаат, а сопругот вели дека повеќе нема да спие со мене во исти кревет ако се осудам на такво нешто. Па зошто не го кажа тоа пред 10 години, да си ја одморам душата. Утре ќе се јавам да закажам.“

Коментарите под објавата биле поделени. Едни мислат дека тетоважата ѝ е лош потег ако поради тоа го загуби сопругот, а други кои исто како неа се во зрели години, одлучиле да се осудат да ја направат првата тетоважа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг