Hey Reilly ги оживеа ремек делата за Instagram генерацијата

Точка

09/10/2019

15:08

238

Големина на фонт

а а а

Миленикот на модниот свет, Hey Reilly, користејќи го Samsung Galaxy Note 10+ им даде нов изглед на некои од најпознатите класици во уметноста. Легендарните дела на Ван Гог, Ботичели и Да Винчи повторно оживеаја во 21. век, станувајќи дел од дигиталната колекција во целост прилагодена за Instagram генерацијата.

Дигиталните ремек-дела опфаќаат: ‘Селфи портрет’, ‘Дама со мопс-жаба’, ‘Мистериозната насмевка’, ‘Девојката со црвениот нос’ и ‘Венера од Насмевката’, кои се достапни овде за преземање: https://www.penup.com/intro#intro.

Reilly, кој работи на моден дизајн и илустрации, е еден од најистакнатите дигитални уметници на денешницата и е препознатлив по спојувањето на модата со ликовната уметност, а неговите дела се наоѓаат во кампањите на врвни брендови, како што се Moncler, Calvin Klein, Nike и Vogue Italia.

Користејќи ги своите профили на социјалните мрежи како изложбен простор, Reilly има за цел да ги доближи овие слики до генералната публика, како и да ги инспирира неговите следбеници да го преиспитаат поимот за уметност и начинот на којшто таа денес се создава, споделува и консумира. Во прилог на тоа говори и фактот што хаштагот #art на Instagram, само во 2019. година, е искористен повеќе од 334 милиони пати. (https://metricool.com/hashtags-on-instagram/)

„Мојот Instagram профил е како галерија каде ги споделувам моите дела, а Note10+ конечно ме ослободи од мониторот и маусот, така успевам целиот процес да го подигнам на повисоко ниво. Хуморот е составен дел од мојата уметност и доколку оваа колекција го натера некој да застане и да се насмее, јас ќе бидам многу среќен човек.“, истакна Hey Railley.

За време на целиот креативен процес користен е Samsung Galaxy Note 10+, а Reilly во таа прилика ги тестираше и - S Pen пенкалото, мултифокалната камера, функцијата за AR Doodle, професионалниот софтвер за уредување на видео содржини, батеријата која брзо се полни и 1TB интерната меморија.

„Galaxy Note е омилен меѓу корисниците затоа што ги спојува моќта на продуктивноста со уникатните функции создадени за да ја поттикнат креативноста и иновативноста.“, рече Милан Вујовиќ, директорот на одделението за адвертајзинг и корпоративна комуникација во компанијата Samsung Electronics.




Спонзорирани линкови

Маркетинг