Река од пиво на автопат: Илјадници лименки го затвориле сообраќајот на неколку часа во Австралија

Точка

09/10/2019

14:37

953

Големина на фонт

а а а

Камион кој пренесувал лименки пива се превртел на најраздвижениот автопат во Австралија, поради што дел од патот со часови бил затворен за сообраќај, соопштила полицијата.

Се се случило во вторникот, на околу 300 километри северно од Сиднеј, а илјадници лименки пиво "Викторија битер" го прекриле патот. Возачот на камионот не бил повреден. 

Сообраќајот бил сопрен еден и пол час додека патот не бил расчистен, а една лента била затворена дури седум часа.

Возачот не бил под дејство на дрога или алкохол и полицијата верува дека замор бил причина за несреќата.

"Викторја Битер" е познато само како "ВБ", и е едно од најпродаваните пива во Австралија. Снимките од оваа несреќа брзо ги преплавиле социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг