Идна невеста е во проблеми поради презимето на избраникот - никој не знае како да ѝ помогне

Точка

08/10/2019

20:35

9.711

Големина на фонт

а а а

Прилично е вообичаено после венчавката невестата да го земе презимето на сопругот, но оваа жена поради необичната случајност има мака.

Со оглед на тоа дека не била сигурна што да направи, се обратила на социјалните мрежи и побатала совет. Имено, нејзиното ново презиме Шанон е исто како и нејзиното име, па во случај да го земе презимето на сопругот ќе се вика Шанон Шанон.

„Моето име (Шанон) воедно е и презиме на мојот вереник. Заедно сме девет години и треба да се венчаме следната година, па треба конечно да одлучам што ќе правам. Никогаш не ми пречеше кога луѓето се шегуваа со тоа. Не ми е грижа за неговото презиме бидејќи го сакам. Не сум сигурна дали сакам да го земам неговото презиме. Некои ми предложија да го променам името или да користам средно име, но тоа не можам да го замислам. Би сакала да имам исто презиме како нашите идни деца, но не би ми пречело ниту да го задржам своето презиме. Немаме никакви ограничувања ниту поради религијата ниту поради семејството, затоа одлуката останува на мене. Дали некој бил во слична ситуација?“, прашала таа на социјалните мрежи.


Корисниците кои ја виделе нејзината објава ѝ предложиле некои опции.

„Дали сте размислувале за тоа тој да го земе твоето презиме?“, „Ти можеш да го задржиш свето презиме, а децата нека го земат неговото, кога веќе е таква ситуацијата“, „Ова ти е прилика да бидеш како Шер и Мадона. Биди само Шанон“, а некои ѝ предложиле двајцата да го променат презимето и да земат некое трето



Спонзорирани линкови

Маркетинг