Новиот Samsung Galaxy S11 доаѓа многу побрзо од очекуваното?

Точка

08/10/2019

12:30

1.336

Големина на фонт

а а а

Samsung Galaxy Note10 и Note10+ се на пазарот само неколку месеци, а сите очи се насочени кон наредната линија на премиум телефоните не Samsung - Galaxy S11.

Сега сајтот SamMobile дошол до информации кои сугерираат кога би можела да биде претставена Samsung Galaxy S11 линијата. 

Според првобитните информации, Samsung моментално планира Unpacked настан за Galaxy S11 серијата на 18-ти февруари. Ова на компанијата ќе и овозможи околу пет дена промоција на уредот пред почетокот на MWC 2020 конференцијата. Станува збор за слична тактика која Samsung ја користел и оваа година со Galaxy S10 линијата.

Samsung, наводно, развива дури четири модели на Galaxy S11 во овој момент, а се очекува дека ќе ги придвижува Qualcomm Snapdragon 865 чипсет во САД и Кина, како и Exynos 9840 чип на останатите пазари, пишува PhoneArena.

Се очекува и дека уредот ќе има 8GB RAM i 128 GB простор за складирање во основната верзија, додека најмоќните модели би можеле да имаат до 12GB RAM i 256 GB простор.

Надворешните измени ќе вклучуваат намалена рамка околу екранот и помал punch-hole на Infinity-O дисплејот.

Се очекува и модифицирана камера на задниот дел, со трет сезонор на Galaxy S11e моделот и четврт на Galaxy S11 и Galaxy S11+ верзиите. Гласините сугерираат главна камера од 108 MP, пренесува Benchmark.

Во претходниот период се појавиле неколку детали и патенти кои укажуваат на минијатурен спектрометар, холограмски приказ за известување и друго.



Спонзорирани линкови

Маркетинг