Заев: Целиот свет го признава нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против

Макфакс

05/10/2019

14:20

2.681

Големина на фонт

а а а

На граѓанската трибина „На прав пат” во Штип, претседателот на СДСМ Зоран Заев порача дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните.

,,Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните”, истакна Заев.

Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна, порача претседателот Зоран на граѓанската трибина во Штип.

,,Не разбираме како може да се против се против поврат на ДДВ против ЕУ и НАТО против повисоки плати и пензии против се се но тоа е нивни проблем. Ние продолжуваме по вистинткито, по правиот пат”, додаде Заев и порача дека освен обнова на криминалот ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

,,Цврсто решивме државата да ја ставиме на прав пат. И успеавме, еве сме на прав пат. Доволно беа 30 години тапкање во место, конечно дочекавме да станеме модерна држава идна членка на ЕУ и НАТО во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните”, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата граѓанска трибина „На прав пат“ во Штип.

,,Сега е време за просперитет за државата и граѓаните на повидок се исполнување на стратешките цели на нашата земја. Сработивме се што се бараше од нас. Имаме заслужено право да го чекаме 17 октомври и да добиеме преговори со ЕУ”, додаде Заев. Тој порача дека ЕУ и НАТО стануваат реалност а тоа им го должиме на сегашните и идните генерации.