Поранешниот италијански фудбалер Федерико Балзарети раскажа една нова анегдота во врска со шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.
Иако се откриени премногу работи во врска со кариерата и приватниот живот на Швеѓанецот со босанско потекло, Балзарети сега откри анегдота од периодот кога Ибрахимовиќ настапуваше во Јувентус, за која ретко кој слушнал.
„Ручавме со екипата на Јувентус и тогаш Златан ни рече дека после јадењето ќе оди да потпише за Милан. Кога се врати, го прашавме како поминал, а тој ни одговори - добро беше, потпишав за Интер. Тоа никогаш нема да го заборавам“, раскажува Балзарети.
Балзарети настапуваше во дресот на торински Јувентус во периодот од 2005-та до 2007-ма година, а Ибрахимовиќ од 2004-та до 2006-та година кога премина во големиот ривал Интер.