Бузаку за Алфа: Кога ќе се дознае јавно што се правело во ИВЗ, ќе видиме кој е како Боки 13

Нетпрес

02/10/2019

17:48

2.406

Големина на фонт

а а а

„Имаме писмени докази за финансиски криминал, и јавноста ќе ги види ако Сулејман Реџепи не ја напушти ИВЗ“, вели за Алфа Скендер Бузаку кој сака да стане идниот поглавар на ИВЗ. - Па видете, тоа не беше никаква закана, тоа беше еден период да му се остави за да ја ослободи Исламска верска заедница, пошто ја држи под заложништво.

Ние си имаме писмени докази и истите ќе бидат доставени до ОЈО. Се работи за финансиски средба, се работи за таков вид криминал. После доставување во Јавното обвинителство, истите ќе бидат, вели Бузаку.

За ИВЗ пак Скендер Бузаку е рекетар, а го споредија и со првоосомничениот во „Рекет“ Боки 13, порачувајќи дека тој морал во текот на вчерашниот ден да биде приведен. Денеска не сакаа да зборуваат пред камерата на Алфа, а ни порачаа да се држиме до нивното писмено соопштение.

-Оваа афера за која што зборуваме е малку пософистицирана. Главен протагонист , како во случајот на Боки 13, е Скендер Бузаку кој во присуство на медиумите излегува и му се заканува на Реисул Улема на ИВЗ, давајќи му ултиматум ако не поднесе оставка, ќе му бидат објавени криминални материјали, велат преку соопштение од ИВЗ.

Бузаку за Алфа вели дека со доказите кои тој ги имал, ќе се покажело кој рекетирал.

- Ќе видиме кој ќе излезе Боки, кој рекетирал. Од тие документи ќе видиме кој е тој што рекетира, кој е тој што се занимава со корупција, вели Бузаку.

Според Бузаку инаку во оваа војна немало играчи од политичката сцена. Превирањата во ИВЗ траат од април, кога со судска одлука беше разрешен Реџепи, а Бузаку се прогласи за нов поглавар. Сулејман Реџепи на чело на Исламската верска заедница е од 2011 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг