Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во посета на земјава

Макфакс

02/10/2019

09:44

950

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Тој во 10 часот ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, по што е следи официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, на платото пред Вилата Водно.

Потоа е предвидена тет-а-тет средба на претседателот Пендаровски, како и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Црна Гора. Пендаровски и Ѓукановиќ ќе имаат заедничка прес-конференција, по што црногорскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје.

Во рамките на посетата, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, е предвидено да се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Зоран Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг