Пристигна октомври: Дали до крајот на овој месец Велика Британија ќе ја напушти Европската унија?

Точка

01/10/2019

14:57

811

Големина на фонт

а а а

Датумот кога Велика Британија би требало да ја напушти Европската унија, со договор или без, е 31-ви октомври, односно до крајот на овој месец Лондон треба да се збогува со Брисел.

Но, дали ќе се случи тоа? Британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека земјата ќе ја напушти Европската унија и тоа ќе го стори по секоја цена, но сепак, на Островот не се сите уверени во тоа.

Имено, постои една конкретна пречка - усвоениот закон кој на британскиот премиер му налага да, доколку до 19-ти октомври не постигне договор со Европската унија (договор кој и британскиот парламент би го одобрил), тогаш по силата на законот, мора од Европската унија да побара ново одложување на Брегзит.


Во еден таков случај, Европската унија може на Британија да не ѝ го дозволи тоа, по што ќе настапи таканаречениот "Hard Brexit", или како што Британците го нарекуваат „хаотичниот Брегзит“.

Но, никој не знае кој е планот на Борис Џонсон, а британскиот премиер не открива премногу. Неговиот министер за финансии, Сајид Џавид изјави дека напуштањето на Европската унија без договор е можно да се случи до крајот на овој месец. Запрашан од новинарите дали знае каков е планот во еден таков случај, одговори: „Мислам дека знам“.

Некои наводни планови во врска со границата помеѓу Ирска и Северна Ирска протекоа денес во медиумите, но Борис тврди дека истите не се автентични.


Тоа значи дека останати се уште 30 дена, но за договорот останува уште малку, само нешто повеќе од две седмици. Имено, договорот мора да биде постигнат веќе до идниот самит на Европската унија кој се одржува на 17-ти и 18-ти октомври.

Дали Велика Британија навистина ќе ја напушти Европската унија, или пак ќе следува уште едно одложување, ќе дознаеме до крајот на овој месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг