Укинати квотите за лекови на рецепт

Макфакс

01/10/2019

09:17

776

Големина на фонт

а а а

Од денеска граѓаните можат да подигнат лекови на рецепта во секоја аптека што работи со Фондот и во секој ден од месецот.

„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.

Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.

Во рамките на мерките за подобрување на здраствениот систем, квотите за лекови стана минато, воведени се три нови инсулини и дополнителни 10 инсулински пумпи за дијабетичарите, значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.

Го вративме достоинството на здравствените работници со покачување на платите, а од ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари. Се спроведуваат активности, со кои на младите здравствени работници им се овозможуваат подобри услови за работа дома“ соопшти СДСМ.