Уапсен после 35 години: Киднапирале авион, убиле маринец, а драмата траела 17 дена

Точка

23/09/2019

09:28

1.763

Големина на фонт

а а а

Државјанин на Либан е уапсен на грчкиот остров Миконос под сомнение дека киднапирал авион на летот од Атина и убил припадник на американската армија во 1985-та година.

Грчката полиција не го откри идентиетот на уапсениот, туку само откри дека станува збор за лице на 65-годишна возраст.

Тој е осомничен за киднапирање на авионот на "TWA" набрзо после полетувањето од Атина на 14-ти јуни 1985-та година. Авионот полетал од Каиро за Сан Диего, со тоа што имал задржувања во Атина, Рим, Бостон и Лос Анџелес. Киднаперите го претепале и убиле 23-годишниот припадник на американската морнарица Роберт Стетем.

Драмата траела 17 дена кога беше ослободен последниот заложник, а авионот летал од Бејрут кон Алжир. Претходно беа ослободени 146-те патници и членови на екипажот.


Министерството за надворешни работи во Бејрут соопшти дека лицето кое што е уапсено во Грција е либански новинар и се вика Мухамед Салех. Се претпоставува дека тој е еден од киднаперите и бил во бегство веќе 35 години. Неколку грчки медиуми од друга страна го идентификуваа како Мухамед Али Хамади.

Хамади беше уапсен во 1987-ма година и осуден во Германија за убиството на Стетем. Постои сомнение дека Хамади е член на Хезболах и тој е осуден на доживотен затвор, но во 2005-та година беше пуштен на условна слобода, по што се врати во Либан.

Германските власти не попуштиле под притисокот на САД да биде екстрадиран откако припадници на Хезболах киднапирале двајца германски државјани во Бејрут и се заканувале дека ќе ги убијат.

Од ФБИ понудија награда од пет милиони долари за информации кои што би довеле до негово апсење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг