Македонската манекенка, Катарина Ивановска, на 19-ти месецов се породи по вторпат.
Радосната вест прва ја објави нејзината најдобра пријателка, Тамара Тодевска. Катарина на свет донесе мало слатко девојче, со малку необично име – Кира.
31-годишната манекенка и нејзиниот партнер на бебето му го дале ова интересно име - по нејзиниот татко, Кире Ивановски. Таткото на Катарина е поранешен ракометар кој играл за „Вардар“ и за репрезентацијата на Југославија.
Инстаграм профилот на Катарина е преполн со фотографии и видеа од прославата и честитките, а деновиве објави и прва фотографија од ќеркичката.
Со оглед на тоа дека Катарина Ивановска со фановите редовно споделува детали од нејзиното секојдневие, и овојпат преку нејзиниот Инстаграм профил ги извести дека после породувањето си заминува дома.
Катарина и малата Кира се во добра здравствена состојба.
Инаку, манекенката пред неколку дена го прослави својот 31-ви роденден, па ова е нејзиниот најдобар подарок со мало задоцнување.