Блејк Лајвли за потребите на новиот филм драстично го променила изгледот

Точка

20/09/2019

17:00

3.105

Големина на фонт

а а а

Иако прекрасните руси локни се нејзин заштитен знак, Блејк Лајвли за потребите на улогата, со задоволство експериментирала и со други фризури.

Овој пат пробала многу кратка, машка фризура, поради улога во филмот „The Rhythm Section“, во кој ја толкува главната хероина.


Убавата актерка со кратка коса изгледа буквално непрепознатливо и помалку женствено, но секако е прекрасна.

Освен должината на косата, Блејк ја променила и бојата, па така во некој дел од филмот се појавува со црна коса, а кратко и со црвена долга перика со која неодоливо потсетува на ликот Џесика Ребит.


Инаку, филмот „The Rhythm Section“ во кината доаѓа на почетокот на идната година, а се работи за напнат трејлер кој многумина желно очекуваат да го погледнат. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг