Силва: Не мораме да се докажуваме

Точка

20/09/2019

16:11

609

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити освои две титули по ред во Премиер лигата, меѓутоа „Граѓаните“ после пет кола во новата сезона заостануваат зад лидерот Ливерпул.

После поразот минатиот викенд од Норич, избраниците на Пеп Гвардиола паднаа на пет бода заостаток зад првопласираниот Ливерпул.

„Луѓето можат да критикуваат и да говорат што сакаат. Не мораме повеќе ништо да докажуваме на било кого после се што направивме во последните две сезони. Опуштени сме. Секако дека не сме среќни, сакаме да бидеме подобри, поразот од Норич не е идеален, но сите тимови имаат добри и лоши страни“, изјави Силва и додаде:

„Невозможно е во три сезони да има само добри моменти, така да важно е како екипата ќе реагира на лошите моменти. Сега се докажува колку сме добар тим, тоа ќе се обидеме да го направиме“, изјави Силва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг