Гвардиола: Воопшто не се сомневам во овој тим

Точка

20/09/2019

15:55

512

Големина на фонт

а а а

После поразот од Норич во петтото коло од Премиер лигата, Манчестер Сити се опорави со триумфот над Шахтјор во Лигата на шампионите, а овој викенд следува дуел против Вотфорд.

„Граѓаните“ заостануваат пет бода зад Ливерпул, а голем шок доживеаа минатиот викенд кога загубија на гостувањето кај Норич.

После првиот пораз, Гвардиола изјави дека и натаму верува во својата екипа.

„После тоа што се случи во изминатите години, воопшто не се сомневам во овој тим. Секако дека можеме да загубиме, ваш проблем е ако мислите дека не можеме да загубиме. Знаеме дека можеме. Кога ќе загубиш еднаш во осум месеци, зошто би имал сомнежи“, изјави Гвардиола.

Сити ја пречекува екипата на Вотфорд во сабота во 16 часот во рамките на 6-то коло во Премиер лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг