Сол Кемпбел: На Арсенал му недостасува фудбалер како…

Дерби

20/09/2019

09:28

1.263

Големина на фонт

а а а

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Сол Кемпбел и во својот последен коментар за настапите на „топчиите“ потенцирал дека им недостасува вистински лидер на теренот.

– На тимот му недостасува некој како Џејмс Милнер, или Реј Парлур од минатото. Нивното однесување на теренот и мотивираноста не можете да ја препознаете во составот на Арсенал, – вели Кемпбел.

– Натпреварите се добиваат или се губат во средниот ред, а Арсенал во моментов нема играчи кои ќе ја смират ситуацијата, кои ќе направат баланс. Може да имате добар напад и добра одбрана, но ако средниот ред не функционира, тогаш последната линија не може да го издржи притисокот, – истакнал поранешниот англиски дефанзивец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг