Скопјанец повреден при пожар во стан во Кисела Вода

Макфакс

19/09/2019

19:12

1.311

Големина на фонт

а а а

Скопјанец на возраст од 40 години е повреден во пожар кој избил во стан на улицата Ѓорѓи Сугаре.

Како што информираат од МВР, пожарот избувнал во вечерните часови на 18 септември во станот во кој престојувал 40-годишникот. 

Притоа, мажот се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.

Надлежните работат на расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг